Работно лето на актерот во Италија: Клуни пушти мустаќи
Италија– Ова лето ќе биде работно за актерот и режисер Џорџ Клуни. 57-годишниот холивудски миленик ја снима тв серијата „ Catch 22 “ и со семејството се пресели на Сардинија, во луксузна вила со два базена.
Двојката го смени и изгледот. Папараци ги фатија на излез од ресторан. Клуни пуштил мустаќи, а сопругата Амал била во секси фустан на „Москино“ и високи потпетици.
Италија им е омилена на Клуни и Амал. Во Венеција се венчаа, а нон-стоп одмараат и во вилата на езерото Комо.