Работнички го совлада Гостивар


Работнички оствари нова победа во Суперлигата, откако на домашен терен со 71:57 го совлада Гостивар.

Екипата на Гостивар во „Градски парк“ дојде без суспендираниот тренер Марјан Србиновски и беше рамноправен противник само во првата четвртина, кога дури имаше и водство од 17:11 во седмата минута.

Избраниците на Марин Докузовски победата ја забетонираа во вториот период, кој го добија со 20:7.

И во продолжение Работнички доминираше, но на стартот од последната четвртина Гостивар се доближи на само осум поени негатива, но домаќините тргнаа во нова офанзива за победа со 14 поени разлика.

Чавдар Костов со 16 поени беше најпрецизен кај Работнички, а Јурај Сегариќ со 14 беше најефикасен кај Гостивар.

Работнички е единствената непоразена екипа по второто коло од Суперлигата.