Путин: Меѓународната ситуација станува многу проблематична


Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека ќе победи „здравиот разум“ во светот кој станува „хаотичен“.

По повод моменталната ситуација за наводниот хемиски напад во Дума, Сирија, за кој Западот го обвинува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, но и Русија, Путин истакна дека меѓународната ситуација станува многу проблематична.

– Состојбата во меѓународните односи предизвикува загриженост, ситуацијата станува хаотична, истакна Путин.

Тој додаде дека се надева оти на крајот ќе победи здравиот разум.