Промоција на новиот албум „Извор“: Концертен маратон на Каролина во МОБ


Каролина Гочева ги израдува своите обожаватели. 37-годишната пејачка во соработка со Авалон продукција најави концертен маратон во Македонската опера и балет за следниот месец.

Поп-ѕвездата ќе одржи четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26 февруари, каде публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од нејзиниот долгоочекуван албум насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од утре, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.