Принцот Чарлс ги сподели со јавноста досега невидените портрети на синовите


Англија– Насликаните во масло портрети на синовите Вилијам и Хари што ја красат приватната резиденција на принцот Чарлс (70) ќе бидат изложени на изложбата што ќе биде отворена во Бакимгенската палата цело лето- од 21 јули до 30 септември. Изложбата насловена „ Prince&Patron“ ќе содржи 100 предмети од приватната кралска колекција и од млади уметници, поддржани од кралското семејство.

Колекцијата содржи и масла на платно на бабата на принцот Чарлс, кралицата Елизабета и на татко му, принцот Филип.