Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар ќе се изведе во Кина
Како единствен претставник од областа на танцот на Кулурната сезона 2017, Скопје танцовиот театар ќе настапи на „Maritime Silk Road Festival” во НР Кина.
Програмата на овој фестивал се одвива низ целата година во повеќе градови во Кина и е дел од проектот „16+1″ помеѓу Кина и земјите на Југоисточна и Централна Европа за 2017 година.
Скопје танцовиот театар ќе се претстави со претставата „Кожа” која ќе се изведе два пати и тоа во Јингјанг драма центарот на 11 декември и Чуанџо уметничкиот центар на 13 декември. Претставата „Кожа” е составена од три кореографии и тоа: „Котел” на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, „Погершно” на Адријана Данчевска, на музика на групата „Верка“ и „Истиот извор” на Макеа Киселичка.
Костимите за трите дела се на Благој Мицевски. Во претставата настапуваат: Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Јоавана Зајкова, Сара Цветковска, Тереза Лазарев и Бобан Русески.
Културната сезона 2017 е проект од големо значење за развој на ументичките односи помеѓу Кина и земјите на Југоисточна и Централна Европа, и таа се однесува на повеќе уметнички категории, како современ танц, музика, театар, детски театар и визуелни уметности.
„Maritime Silk Road Festival” во Чуанџо, претставува завршница на настаните кои се одвиваа низ целата сезона и на неговата програма ќе присуствува и министерот за култура на НР Кина. Скопје танцовиот театар е избран помеѓу огромен број на апликации, и ова негово претставување претставува потврда за квалитетот на оваа млада компанија која веќе влегува во елитниот круг на современ танц на светско ниво. Гостувањето во Кина е поддржано од Министерството за култура на РМ.