Претпремиера во Скопје: 14 распродадени проекции за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“


14 проекции за претпремиерата на филмот „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“  на 13 декември (среда) се распродадени во „Синеплекс“ во Скопје. Откако „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ во 2015 година го освои светот, во новото поглавје сагата продолжува со Реј и нејзиното епско патување заедно со Фин, По и Лук Скајвокер.

Осмото продолжение, во времетраење од 150 минути, стартува во среда со проекција во 19 часот. Премиерата на филмот е закажана за 15-ти декември, в петок, а во Скопје, во четврток, еден ден порано.

Војна на ѕвездите“ продолжуваат со нова трилогија, открива Дизни. Писателот и режисер на новата серија ќе биде Рајан Џонсон. Тој ја сними „Епизода VIII: Последните Џедаи“.Новата трилогија ќе биде одвоена од епизодната сага за семејството Скајвокер. „Епизода IX“ се очекува да се појави во 2019 година.