Премиера на Патувачкиот театар од Вевчани „Поклони се и падни“


Патувачкиот театар „Поклони се и падни“, кој работи во КУД „Дримкол” од Вевчани, вечер од 18 часот во Домот на културата во Вевчани премиерно ќе ја изведе мултимедијалната претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Претставата е наменета за деца и младинци и е спој на видеоанимации, звук и актерска игра на Душко Кукоски кој го толкува ликот на писателот Виктор Иго и ја води публиката низ приказната.

– Претставата праќа моќна, едукативна порака за вечната борба помеѓу доброто и злото, со надеж дека доброто секогаш ќе надвладее, соопшти КУД „Дримкол“, кое оваа година одбележа 70 години организиран фолклор во Вевчани.