Прекинато рочиштето за Зијадин Села: Обвинет се онесвести во судница


Никола Војминовски , обвинет за обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села, се онесвести за време на судското рочиште.

Денешното рочитште беше прекинато поради овој настан, а во исто време беше повикана Брза помош.

Војминовски е обвинет во случај позврзан со настаните од 27 април, односно за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Откако тој се онесвести се направи паника, а другите обвинети трчаа да го фатат додека тој паѓаше на земја.

Војминовски во претходните сесии го информирал судот дека е болен од дијабет и прима инсулин.

На денешното рочиште сведочење и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојковски.