Пред концертот на поп-ѕвездата во „Борис Трајковски“: Анестејжа слетува денес во Скопје
Поп-ѕвездата Анестејжа со својот тим денес, во 15, 15 часот ќе слета на аеродромот „Скопје“ . Утревечер во 21 часот, и е закажан концертот во Скопје во ВИП Арената “Борис Трајковски”, во организација на „Прагма продукција“. Американската пејачка ќе биде сместена во ВИП апартман во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Денес ѕвездата ќе одржи проби за утрешниот спектакл на кој се очекува да присуствуваат над 20 илјади луѓе.
Концертот на Анастејжа во Скопје е во рамки на повратничката турнеја која ја стартуваше во 2016 година после цели 10 години пауза. Покрај промоцијата на новиот, седми по ред албум „Evolution“, во Скопје ќе ги отпее и своите претходни хитови кои и ја одбележаа кариерата.
Влезниците за концертот може да се најдат во продажната мрежа на Купи карти за се, по цена од 1000 до 3000 денари.
Причина за нејзината музичка апстиненција беше ракот со кој се соочи два пати, најпрвин во 2003 година, а потоа и во 2013 кога направи и двојна мастектомија.
Првиот албум во 2000 година и донесе голем светски успех. Следната година беше прогласена за најдобар поп женски изведувач, а во 2002 година ја испеа химната на Светското првенство во фудбал. Во 2005 година, светски хит кој уште се пее, стана нејзиниот дует со Ерос Рамазоти, “I Belong To You”. (Л.С.)