Првата дама со голи раменици на официјална средба: Меланија Трамп крши дрес-код правила


САД- Првата дама на Белата куќа Меланија Трамп има беспрекорен моден стил, а она што ќе го избере за службени состаноци, за кратко време станува хит во светот.

Официјалната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со јапонскиот премиер Шинзо Абе во летната резиденција на Трамп на Флорида остана во сенка на уште еден моден излет на Меланија. Витата Словенка блесна во ретро црно-бел фустан кои и ги откриваа рамениците.

Миди фустанот од колекцијата на Каролина Херера од 3 илјади долари- прекрасно и прилегаше и потстуваше на иконите на стилот од 60-тите.

Познавачите на приликите коментираа дека изборот не е вообичаен за службени посети, ама сигурно ќе привлече внимание и муабети.