Првата дама на САД оздраве: Меланија се врати со стил во Белата куќа
САД- Во елегантен балонер во сафари боја на „Селин“ со „А„ крој, во струкот стиснат со каиш, кој обожава да го носи целосно закопчан како фустан, првата дама на САД Меланија Трамп се врати во Белата куќа по 27 дена закрепнување од операција на бубрегот.
Во друштво на претседателот Трамп учествуваше на брифингот за урагани во седиштето на Федералната итна интервенција во Вашингтон. Меланија делуваше добро и здраво, но не се обрати на настанот. Трамп дури успеа да ја прошета Меланија држејќи ја за рака, нешто што не му успеваше во неколку наврати досега.
Балонерот беше искомбиниран со високи отпетици од питонска кожа на модната куќа „Џими Чу“.