Празничен хороскоп: Што советуваат ѕвездите?


ОВЕН: Верувајте им на своите природни инстинкти дека ќе ве однесат во помирни води и заштитете се себеси и најблиските. Месечината во Лав ви обезбедува успешна навигација и ќе знаете како да се справите со предизвиците. Потоа следува прекрасен период за одмор.

БИК: Сега е добро да се подготвите за скорешниот успех. Можеби имате чувство дека не сте сосема свои, но вашето време ќе дојде. Во меѓувреме. негувајте го во себеси она најважното и најинтимното. Имајте верба да скокнете слепо кон непознатото. Емотивна синтеза.

БЛИЗНАЦИ: Доаѓате до промени во кои треба да се откажете од нешто, за да се здобиете со нешто друго. Можеби ви е тешко бидејќи треба да се збогувате со еден важен аспект од себе. Она што го посакувате ви е на дофат, но не брзајте при носењето на важни одлуки. Почекајте.

РАК: Вашата совест се буди и чувството за одговорност и сега знаете како да ги надминете обичните правила. Доколку сметате дека нешто е неисправно или некој се обидува да избегне одговорност, сфатете го тоа како знак за карактерот на човекот со кој што работите.

ЛАВ: Можеби ќе се соочите со некои предизвици во справувањето со светот, но Месечината во вашиот знак ќе ви помогне полесно да се справите со ударите на судбината. Инсистирањето да сте во центар бара многу луѓе да се вртат околу вас. Избирајте го најдоброто сега.

ДЕВИЦА: Итност и нов почеток, нешто по кое што ќе бидете запаметени долги години нанапред. Поврзувањето ќе е важен момент во сите работи. Креативни концепти. Романса и флертување. Добивате потврда за својата сензитивност, своите таленти и умешност.

ВАГА: Се појавуваат две еднакви понуди кои бараат внимателна и објективна оценка. Иако пости шанса за партнерство, оставете малку простор меѓу себе за сега. Отворете го умот и срцето за да го примите она што ви го нуди универзумот. Движете се и патувајте. Нова фаза.

СКОРПИЈА: Сосема спонтани, вашиот дух лебди растреперено во воздухот. Сега ви е тешко да ги увидите последиците на своите и туѓите дела, затоа бидете претпазливи кон преголемата рецепција, проследена со лажни обвинувања и осуда. Не земајте учество во оваа случка.

СТРЕЛЕЦ: Убаво е што поставувате високи стандарди за себе, но не е добро да им ги наметнувате и на останатите. Доколку сте на животна раскрсница, знајте дека таа е само ваша сопствена. Избегнувајте ги догматските и нетолерантни ставови кај другите. Проучување.

ЈАРЕЦ: Големи бенефиции, во кои сите ќе бидат вклучени и уживање во изобилство и нови шанси. Крутите институции би можеле да бидат ексклузивни, затоа однесувајте се опуштено и вклучете се самите. Доаѓате до емоционална и материјална стабилност.

ВОДОЛИЈА: Бидете задоволни со досегашните успеси. Кога смиреноста е втемелена внатре, нема потреба да трчате и да се докажувате пред светот, сакајќи да чуете величања и славопојки. Доколку имате нешто вредно да споделите со другите, луѓето ќе си дојдат самоповикано.

РИБИ: Треба да добиете идеја за тоа како да започнете истражување кое ќе ве доведе до богати ресурси. Од вас ќе се бараат понекои отстапки и компромис. Сепак, имајте храброст и бидете спремни за обнова. Силни емоции и активност, затоа внимавајте на импулсивноста.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]