Почна Меѓународниот филмски фестивал во Берлин


Германија – Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата”, синоќа започна 68. Меѓународен филмски фестивал во Берлин.

На програмата се вклучени 19 филмови, а претседател на жирито е германскиот режисер Том Тиквер. Меѓу поканетите гости на годинешната манифестација се актерите Роберт Патинсон, Гаел Гарсија Бернал, Џеф Даниелс, Тилда Свинтон, Питер Сарсгард, Хоакин Феникс, Изабел Јупер, Бил Мари и Емили Вотсон

Американскиот глумец Вилијам Дефо ќе биде удостоен со наградата „Златна мечка” за животно достигнување. Главната награда ќе биде врачена на 24 февруари, еден ден пред затворањето на Берлиналето, на 25 февруари