Почина Павлина Апостолова Богданова – првенка на Македонската опера


Во Скопје, на 90-годишна возраст, почина поранешната првенка на Македонската опера, Павлина Апостолова-Богданова, која припаѓа на правата генерација оперски солисти кои ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура.

До нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.

Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура.

Таа се здоби и со статус на истакнат македонски уметник.

Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.