Почина легендата на Челзи, Реј Вилкинс


Англиската фудбалска легенда Реј Вилкинс денеска почина во болница. Тој доби срцев удар пред пет дена и оттогаш беше во кома.
Шеесет и едно-годишниот поранешен играч и помошник на Луис Фелипе Сколари, Гус Хидинк и Карло Анчелоти во Челзи доживеа срцев удар во својата куќа, по што беше префрлен во болница.
Вилкинс ја започна својата кариера во Челзи, а потоа последователно настапуваше за Манчестер Јунајтед, Милан, ПСЖ, Глазгов Ренџерс, за да заврши во Лејтон Ориент во 1997 година.