Поради лошото време во Охрид: Концертот на Цукеро префрлен во спортската сала „Билјанини извори“


Поради најавените дождови и грмежи во Охрид, концертот на италијанската поп-ѕвезда Цукеро, утревечер, во 21 часот, од Антички театар се префрла во спортската сала „Билјанини извори“.

Комплетната нумерација на билетите од Антички театар се префрла во СЦ “Билјанини извори” и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата нумерација.

Заради големиот интерес за првото гостување на светската поп-ѕвезда во Македонија, во продажба се пуштени дополнителни 200 билети, известува организаторот „Авалон продукција“.