Полицаец ја истепал невенчаната сопруга
Н.Б. (33) од Гевгелија, вработен во Министерството за внатрешни работи, вчера во општина Аеродром, ја истепал жената со која живеел во вонбрачна заедница во Скопје.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 21.10 часот на паркинг на бул. „Јане Сандански“.
– Н.Б. од Гевгелија, вработен во МВР, во време кога не бил на работа, физички ја нападнал В.М. (23) од Скопје, со која живеел во вонбрачна заедница, нанесувајќи и повреди во пределот на главата, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола при МВР, на Н.Б. му било одземено службеното оружје и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.