Подметната бомба e причина за експлозијата во Даночната управа во Анкара


Експлозијата во Даночната управа во Анкара била предизвикана од подметната бомба, а осомничениот за нападот е убиен во полициска операција, соопштија денеска турските власти.

Во вчерашната експлозија беше уништена зградата на Даночната управа и три лица беа повредени..

Властите соопштија дека се уапсени осум лица осомничени за поврзаност со убиениот, кој е идентификуван како Ерсен Ертоган (27). Во Турција влегол илегално од Сирија, каде посетувал обука кај курдски борци, соопштија турските власти.

Ертоган бил идентификуван со помош на безбедносните камери, кои го снимиле како на влезот во зградата остава торба, во која, како што се верува, бил експлозивот.