По 50 години кариера: Пол Сајмон најави проштална турнеја


САД- Пејачот и текстописец, Пол Сајмон објави дека става крај на своите турнеи со „мало олеснување“ по 50 години на сцената.

На страница на Фејсбук, 76-годишниот Американец соопшти дека подоцна оваа година ќе направи проштална серија концерти под наслов „Homeward Bound – The Farewell Tour“. Последната турнеја ќе биде во Северна Америка и Европа. Сајмон додаде, сепак, дека понекогаш може да излезе пред публиката, „но, се надевам, во акустична сала“.

„Често сум се прашувал како ќе се чувствувам кога ќе решам да ставам природен крај на кариерата. Сега знам – малку разочарувачки, малку возбудливо и со одредена доза олеснување“. Сајмон додава дека веќе смета дека патувањето и времето кое го поминува разделен од сопругата и неговото семејство тежи и тоа го одзема задоволството да свири.

Сајмон станува познат главно за неговиот дует Арт Гарфункел и нивниот познат албум од 1964 година, со песни што станаа класици, Mrs. Robinson, The Boxer и Bridge Over Troubled Water. Двајцата се разделуваат во 1970 година и Сајмон започнува успешна соло кариера откако е награден со „Греми“ за албуми како „Still Crazy After All These Years“ и „Graceland“.

За неколку дена, ова е третото големо име на 60-тите и 70-тите години на дваесеттиот век, кое става крај на тирнеите. Прв објави Елтон Џон, а потоа и Нил Дајмонд, кој потврди дека страда од Паркинсонова болест.