По 37 години: Нова истрага за смртта на актерката Натали Вуд
САД- По 37 години, полицијата повторно ја отвори истрагата за смртта на актерката Натали Вуд. Таа на 28 ноември 1981 година, наводно паднала во море од јахтата на која била со тогашниот нејзин сопруг Роберт Вагнер и актерот Кристофер Вокен, со кого го снимаше филмот „Brainstorm“.
Точните околности за нејзината смрт никогаш не се утврдени, а во официјалното соопштение на полицијата како причина за смртта се наведува „давање и други неутврдени околности“.
Причина за тоа се модриците на нозете и рацете како и рана на образот. Вуд тогаш имаше само 43 години.
Нови докази упатуваат на тоа дека виновник за нејзината смрт е сопругот, актерот Роберт Вагнер. Тоа во интервју го истакна еден од истражувачите на смртта на Вуд, по што полицијата на Лос Анџелес повторно го отвори случајот.
Наводно таа вечер, капетанот на јахтата Денис Даверн, кога забележал дека Натали не е на бродот го прашал Вагнер дали треба да викаат помош преку радиото, на што тој одговорил дека нема потреба и оти треба да почекаат дали таа ќе се појави. По час и половина побарал локалците да тргнат во потрага, а дотогаш пиел виски на јахтата.
Истражителите се сомневаат дека тој ја турнал преку палубата бидејќи бил љубоморен и се сомневал дека го изневерува со Кристофер Вокен.
Во документарецот кој што излезе неодамна, капетанот исто така изјави дека пред нејзиното исчезнување чул расправија, што потврдиле и други сведоци.