По 14 години брак: Се разведува Ерик Дејн, ѕвездата од „Вовед во анатомија“


САД – Ребека Гејхарт поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, Ерик Дејн, по речиси 14 години брак. Според судските документи, 46-годишната актерка бара заедничко легално и физичко старателство брз нивните две ќерки, 7-годишната Били и 6-годишната Џорџија. Гејхарт исто така бара сопружничка поддршка од ѕвездата на „„Вовед во анатомија“.  Двојката се венча во октомври 2004 година.

„По 14 години заедно, одлучивме дека разводот е најдброто решение за нашето семејство,“ изјави парот во заедничка изјава за „Ентертејмент“. „ Нашето пријателство ќе продолжи и ќе работиме како тим во воспитувањето на нашите прекрасни девојчиња, бидејќи тие се најважното нешто на светот за нас. Ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој период додека се насочуваме кон следната фаза од нашите животи“.

Во 2011 година, Дејн замина на рехабилитација за да се лекува од зависноста од препишани лекови против болки. Потоа во април 2017 година, претставникот на Дејн изјави дека тој ќе направи кратка пауза од неговото шоу „Последниот брод“, за да се лекува од депресија.

„Ерик побара пауза за да се справи со некои лични проблеми,“ изјави портпаролот на Дејн тогаш. „Тој страда од депресија и побара неколку седмици одмор, а продуцентите великодушно го одобрија барањето.“