„Пипл“ ја прогласи Меган Маркл за најдобро облечена жена во 2018


САД– Австралиската оскаровка Никол Кидман е симната од тронот на најдобро облечена жена на листата на престижниот магазин. „Пипл“ ја прогласи Меган Маркл (37), актерка од Калифорнија која стана војвотка од Сасекс по свадбата со принц Хари во мај годинава, за најдобра облечена жена во 2018 година. Листата ги вклучува и актерките Кејт Бланшет и Сандра Булок, адвокатката за човекови права Амал Клуни и старлетата Ким Кардашијан.

-Досега немавме член од кралското семејството на врвот на листата која секогаш ја предводеше ѕвезда од Холивуд. Но, не можеме да зборуваме за стил а да не ја спомнеме Меган Маркл,која успешно ја меша високата со секојдневна мода, изјави по по изборот Андреа Лавинтал, уредник за стил и убавина во „Пипл“.