ПЕТА: Камбербач е најубав веган за 2018


Англија- Актерот Бенедикт Камбербач, кој стана славен со улогата на Шерлок Холмс, беше избран од страна на организацијата за заштита на животните ПЕТА за најубавиот веган во 2018 година.

Но британскиот актер не е дамнешен приврзаник на целосно растителна исхрана. Едвај оваа година тој одлучи да сопре целосно со консумирање на производите од животинско потекло, па е едно од најновите засилувања во редовите на веганите.

Носители на ова одличје во текот на годините биле Џаред Лето, Лиам Хемсворт, Руби Роуз, Мајли Сајрус, Џесика Честејн и други.

Камбербач не го крие фактот дека тој преминал на вегански режим. Тој вели дека токму овошјето и зеленчукот му помогнале да влезе во совршена форма за филмот „Avengers: Infinity War“.