Пенелопи Круз е новиот бренд амбасадор на „Шанел“
Франција– Шпанската актерка Пенелопи Круз, добитничка на Оскар во 2009 година за споредна улога во „Вики Кристина Барселона“ на Алмодовар е промовирана за нов бренд амбасадор на „Шанел“. Таа денес беше гостинка на ревијата на луксузната модна куќа на Неделата на висока мода во Париз.
Веќе е традиција Шанел да ангажира за заштитна лица познати личности од светот на филмот.. По Кира Најтли, Кристен Стјуарт и Марго Роби, Круз е последното славно име што се приклучува кон семејството Шанел.
Круз наскоро ќе сними рекламна кампања за круз колекцијата, снимана од дизајнерот и фотографот Карл Лагерфелд.
Убавата актерка неколку години беше амбасадор на „Ланком“ и на други брендови како „Лав“ и „Манго“.