Париз во облаци од солзавец, уапсени повеќе од 600 лица
Најмалку 55 лица, меѓу кои и тројца полицајци, се повредени денеска во Париз за време на протестите на „жолтите елеци“ против зголемувањето на цените и даноците на горивата, соопшти локалната полиција.
Во Париз се уапсени повеќе од 600 лица, од кои повеќето се ставени во притвор, затоа што носеле чекани, топки за петанк, цигли и камења, јавија француските медиуми.
Полицијата соопшти дека низ целата земја денеска се притворени речиси илјада луѓе.
Судирите поворно почнаа во доцните попладневни часови на Шанзелизе, каде полицијата употреби солзавец, звучни гранати и гумени куршуми. Многу улици и булевари во главниот град на Франција се покриени со облаци од солзавец.