Опра за британски „Вог“: Нема да се кандидирам за претседател на САД


САД– Откако Доналд Трамп успешно направи транзиција од селебрити до претседател на САД, јавноста почна да навива и за други славни лица од шоубизнисот да се кандидираат. Една од фаворитките е водителката и најмоќна медиумска фигура Опра Винфри, особено по моќниот говор на Златните глобуси.

Но, во новото интервју за британскиот “Вог”, ги негираше тие идеи и рекла дека не постои никаква шанса да се кандидира за американска претседателка.

“Во оваа политичка структура, сите невистини, погрдни работи и сè што се случува зад кулисите, се чувствувам дека не би можела да постојам. Не би можела да го направам тоа. Тоа не е чиста работа. Би ме убило”, рекла Опра.

За насловната страница на магазинот ја фотографирале Мерт Алас и Маркус Пигот во модни комбинации на Стела Мекартни, а на некои фотографии Опра носи и тијара.

Во интервјуата, Опра ја напомена својата кандидатура, а наводно на тоа ја наговориле нејзините долгогодишни партнери Стедман Грахам и најдобрата пријателка Гејл Кинг.

“Милијардерите ми ѕвонеа и нудеа да ми ја платат кампањата. Кога толку многу луѓе Ви ја зборуваат истата работа, би требало да се обидете, мора барем да размислите за тоа. Го молев Бог да ми даде некој знак”, рекла Опра, а изгледа дека и нејзината одлука е конечна.

Опра исто така говореше и за феминистичкото движење “Me Too”.

“Многумина велат дека ова се мрачни времиња. Мислам дека би требало да ја промениме секоја перспектива. Јас тоа го гледам поразлично. Ова е неверојатно време со многу можности. Во текот на годините жените трпеа многу лудости”, рекла.