Омер Калеши гостува во Кичево
Добитникот на годинешната државна награда „Мајка Тереза“, уметникот Омер Калеши утре ќе гостува во неговиот роден град.
Калеши е повеќеслоен уметник и ќе се претстави со изложба и музика во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.
Организатор на овој културен настан е здружението „Артацт“, кој на последниот конкурс за Нов културен бран од Министерството за култура добија поддршка од 180 илјади денари.
Настанот започнува во 19 часот и влезот е бесплатен.