Одложено дербито Пелистер – Вардар
Вечното дерби во македонскиот фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар што беше предвидено да се игра в четврток е одложено.
Барање на актуелниот шампион Вардар натпреварот да доби нов термин поради голем број репрезентативци е прифатено од страна на ФФМ.
Другите четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ се закажани за четврток (29 март) од 15 часот.
Двојките се:
Силекс – Победа,
Работнички – Академија – Пандев,
Скопје – Шкендија и
Ренова – Шкупи.