Од почетокот на годинава во Србија регистрирани 30 напади врз новинари
Според податоците на новинарски здруженија во Србија, минатата година се регистрирани 92 напади врз новинари, а во првите четири месеци од годинава 30, од кои два физички напади, шест вербални закани и 22 случаи на притисок, соопшти денеска српскиот омбудсман Зоран Пашалиќ.
Во писмена изјава по повод утрешниот Светски ден на слободата на печатот Пашалиќ наведе дека притисокот врз медиумите во Србија продолжува во различни форми. Тој ги повика сите јавни и државни фактори и организации, а особено носителите на политички и општествени позиции да се воздржат од секакви форми на притисок врз медиумите, врз нивната уредувачка политика и новинарите, а медиумите ги повика да го развиваат принципот на одговорно и непристрасно новинарство.