Од 29 мај до 2 јуни во Скопје: „Ентерфест“ со домашни и регионални ѕвезди
Музичкиот хепенинг, создаден за сите љубители на фестивалите, „Ентерфест“, започнува на 29 мај и ќе трае до 2 јуни, а ќе се одржува во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
На двете сцени ќе настапуваат добро познати музички имиња од нашата музичка сцена и од целиот регион.
На сцената на „Ентерфест“ ќе настапат: Ера Иштрефи, „Ван Гог“, „Бед Копи“, „Дивље Јагоде“, Дадо Топиќ, „Партибрејкерс“, Тамара Тодевска, „Атомско Склониште“, „ПМГ“, Гоце Саф, Игор Џамбазов и Гуру Харе, „Ај Кју“, „Фолтин“ и уште 70 други изведувачи.
Фото: Б. Грданоски