Овации за концертот на Филхармонија за Денот на вљубените: Вечер на култни балади
Баладите на кои растевме, созревавме, се вљубувавме, синоќа беа на репертоарот на традиционалниот концерт на Македонска филхармонија, со симфониски призвук.
Урбаната публика уживаше два часа во евергрините , во кои љубовта и темнината се испреплетуваат – на Леонард Коен, Ник Кејв, Том Вејтс, Џони Кеш и Ненси Синатра, во маестрална изведба на Тања Царовска, незаборавниот вокал од светските филмови, со кариера во Лондон и вокалистот на „Фолтин“- Бранислав Николов.
И актерот од Прилепскиот театар, Димитар Ѓорѓиевски со својот актерски настап создаде шармантна атмосфера со пијалок во рацете, а со своите досетки шармираше и диригентот Џијан Емин кој воедно ги прилагоди и песните за симфониски оркестар. (Л.С.)
Фото: Б. Грданоски