Обид за атентат врз обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи?
Во средата имаше вооружен инцидент меѓу полицијата и неколку лица од Куманово во село Боговиње, тетовско.
Како што објавува порталот Shqipmedia, а пренесува Либертас, велат дека зад овој инцидент се крие нешто многу поголемо, односно има сомнежи дека ова било сценарио за атентат кон обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи во нејзината куќа во Боговиње.
Таму биле забележани неколку непознати лица со три возила и полицијата почнала да ги брка. Се шпекулира дека возилата имале фалсификувани таблици и има големи сомнежи дека целта била Фетаи, бидејќи блиску до нејзината куќа почнала бркотницата во која имало и пукотници, како што и потврди и полицијата во редовниот билтен.
Неофицијално, уапсено e и едно лице од Боговине, кое ја знае вистината дали имало обид за атентат или за обична кражба.