Нојер се врати на голот на Баерн и веднаш прими гол
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер се врати меѓу стативите во составот на Баерн Минхен за натпреварот од 22. коло на првенството на Германија против Аугзбург.
Триесет и две годишниот голман, поради повреда на раката не играше од 27 јануари, а неговото учество во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Ливерпул беше доведен во прашање.
Сепак, вечерва Нојер се изјасни дека е подготвен и се најде во првиот состав на гостувањето кај Аугзбург. Германскиот репрезентативец немаше многу среќа и веќе во првата минута беше совладан од својот соиграч Горецка.
Оваа сезона, вклучувајќи го и вечерашниот Нојер настапи на 30 натпревари за Баварците.