Новогодишната прослава во Охрид продолжува со Суперхикс


Во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“, вечерва на плоштадот во македонскиот бисер забавата продолжува со сет на легендарниот Dj Slave, по што следува концерт на Балкан џем, а од 21 часот одличните Суперхикс.

Новиот концепт за прослава на Нова година во Охрид се покажа како полн погодок за огранизаторите, на задоволство на бројните гости од земјата и странство кои уживаат во богатата програма.

По фантастичниот дочек на Градскиот плоштад со Даниел Кајмакоски, синоќа повторно одлична забава на главната сцена на Градскиот плоштад со Бени и Нон Стоп.

Под водителска палка на Жанко ЗШ Голабоски, вечерта ја отвори одличниот Петар Маркоски, по Бени забавата продолжи со посебно
подговен празничен сет на Dj Jane.