Нови локалитети на листата на светско културно наследство на Унеско


Франција– Организацијата на ОН за образование, наука и култура Унеско на листата на светско културно наследство ги смести индустрискиот град Ивреа во северна Италија и археолошкото наоѓалиште Медина Азахара во шпанската покраина Кордоба.

Ивреа е втор по големина град во округот Торино. Во него е основана компанијата „Оливети“, производител на машини за пишување, механички дигитрони и компјутери. Богат е со голем број фабрики и згради. Изгледот на градот е дело на водечките италијански архитекти во периодот меѓу 1930 и 1960 година. Тој ја отсликува идејата на комунистичкото движење во Италија, но претставува и модерна верзија на индустриското производство и архитектура.

Археолошкото наоѓалиште Медина Азахара, во превод од арапски „Светол град“, во шпанската покраина Кордоба бил стар арапски град со палата која ја изградил кордобскиот емир Абдурахман Трети.

Градот е изграден во средината на 10 век, а по неколку години експанзија, е уништен во граѓанска војна. Остатоците од градот биле заборавени повеќе од 1 000 години, сè додека не биле пронајдени на почетокот на 20  век. Тогаш биле пронајдени патишта, мостови, водовод, голем број згради, декоративни елементи…