Новата книга на Боб Вудворд прикажува хаос во Белата куќа
САД– Новата книга на новинарот Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“, објавува мачен портрет на необразован, колеричен и параноичен американскиот претседател кого неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат тешки отстапки.
Книгата е заснована на сведочења на инсајдери од администрацијата. Белата куќа е претставена како дисфункционална и разорно фокусирана на внатрешни спорови.
Американскиот претседател Доналд Трамп е опишан како човек опседнат со кривичната истрага во врска со прашањето дали ја опструирал правдата обидувајќи се да запре истрага на специјалниот обвинител Роберт Малер за руско мешање во претсеателските избори во 2016 година.
Во еден момент, како што наведува во книгата Вудворд, адвокатот на Трамп, Џон Дауд организирал заради вежби, симулирано испрашување на Трамп за врските на неговиот изборен штаб со Русија и неговите потези на функцијата претседател. Трамп често се „губел“ со фактите и на крајот загубил контрола и се разбеснил.
Дауд, според Вудворд, му рекол на Трамп дека ќе заврши во портолкалово затворско одело ако сведочи пред Малер. Неколку месеци подоцна, Трамп му рекол на Дауд: – Би бил навистина добар сведок.
– Не сте добар сведок. Господине претседател, се плашам дека едноставно не можам да ви помогнам, одговорил Дауд. Следниот ден Дауд дал оставка во тимот на адвокати на Трамп.
Сегашните адвокати со месеци преговарале со правниот тим на Малер кои сакале да разговараат со претседаелот, но не постигнале договор за тоа.
Адвоактот на Трамп, Руди Џулијани во повеќе наврати рекол дека стравува ако Трамп сведочи под заклетва, ќе биде фатен во кривично дело лажење на властите.
Според Вудворд, Трамп не го интересирало како неговите потези на функцијата претседател може да ја загрозат светската безбедност и дека често не е запознат со општопознати факти.
Обидите на Вудворд да добие интервју од Трамп не биле успешни, иако претсетаелот се обидувал да зборува со новинарот откако веќе ја завршил книгата.
Во 2017 година, Трамп бил вознемирен од наводниот хемиски напад во Сирија и побарал од Пентагон да го уништат сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Министерот за одбрана Џејмс Матис не дозволил таа наредба да се изврши, се наведува во книгата на Боб Вудворд.
Откако бил запознат со случувањата во Идлиб, Трамп го повикал Матис и грубо рекол дека сака „да заврши со диктаторот“.
– Ајде да го …убиеме. Ајде да упаднеме. Ајде сите да ги убиеме, нагласил Трамп тогаш, тврди Вудворд.
Шефот на Пентагон одговорил дека „ќе се погрижи за тоа“, но по разговорот дал целосно поинаква наредба.
– Нема ништо да правиме со тоа. Ќе бидеме многу одмерени, рекол Матис.