„Нашето наследство – европска вредност“ : Македонија ќе ја слави Европската година на културното наследство


Под слоганот „Нашето наследство – европска вредност“ Македонија ќе се приклучи кон прославувањето на 2018  како Европската година на културното наследство. Годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која подготви Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), вчера беше претставена во Скопје, а ќе се реализира заедно со Делегацијата на ЕУ.

На презентација на програмата збогатена со настап на група од КУД „Танец“ која изведе песна со гласоечко пеење заштитено од УНЕСКО како недвижно наследство, се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

– Ќе реализираме настани, конференции, експертски дебати, промоции пречи кои ќе ја истакнеме симбиозата меѓу еврпопските вредноси и македонската култура. Ќе прикажеме еден нов модерен и рафиниран наќин на културна интеракција меѓу минатото и сегашноста, меѓу историјата и современото живеење, помеѓу археологијата и современиот културен идентите на македонскиот народ напластен низ вековите на континуирана креација и долготраен развој на репрезентативното творештво, рече министерот Алаѓозоски.

Тој нагласи дека РМ со своето културно наследство и подеднакво европски вредноси несомнено припаѓа на тој простор, а начелото за европеизација на македонскиот културен контекст е едно од клучните прашања во новата стартегија за културен развој.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека 2018 како Европска година на културното наследство ги слави нематеријалните и материјалните достигнувања на човештвото.

– Активностите кои ќе бидат организирани во рамки на оваа Европска година на културното наследство ќе поттикнат поголем број луѓе да ги откријат и да се ангажираат за европското културно наследство и да го засилат чувството на припадност кон заедничкиот европски простор. Во овој контекст ЕК разви концепт наречен рута на Балканското културно наследство, односно наследството помеѓу ЕУ и Западен Балкан и овој проект вклучува серија настани поврзани со опипливото и неопипливото наследство на регионот, рече Жбогар.

Тој информира дека Делегацијата на ЕУ поддржа 12 мали грантови кои ќе бидат делови од Програмата за одбележување на културното наследство во земјата, а ќе опфат и реализирање на реконструкции на културни објекти со средства од ЕУ.

Со одлука на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на иницијативата е да го промовира значењето на европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности.