Независни Грци и Нова демократија со осуда за заканите до Коѕијас


Атина – Коалицискиот партнер во грчката Влада – Независни Грци и опозициската Нова демократија ги осудуваат заканите упатени до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

– Заканувачкиот допис со куршум упатен до министерот за надворешни работи е дело со терористички карактер, а Независни Грци го осудуваат на најкатегоричен начин. Очигледно, тие се исто така кривично казниви. Овие постапки во суштина се насочени против демократијата, која сите ние сме должни да ја заштитиме, вели портпаролката на Независни Грци Мадалена Пападопулу.

Од Нова демократија ја повикуваат владата веднаш да го расчисти случајот.

– Нова демократија на најнедвосмислен начин ја осудува заканувачката постапка врз министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и ја повикува владата веднаш да го расчисти овој неприфатлив инцидент, соопштуваат од грчката опозициска партија.

Коѕијас добил анонимно предупредувачко писмо со куршум. Во предупредувачкото писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“