Најмалку 13 загинати при напад на предизборен митинг во Авганистан
Најмалку 13 лица загинаа, а 30 други се ранети денеска кога бомбаш самоубиец се разнел на предизборен митинг во источната област Нангархар.
Се стравува дека бројот на жртвите ќе расте, имајќи предвид дека некои од ранетите се во критична состојба.
Цел на нападот бил предизборен собир на кандидатот Абдул Насер Мохманд.
Засега се уште никој не презеде одговорност за нападот.
Терористичките напади во Авганистан најчесто се дело на талибанското исламистичко движење или на групата Исламска држава.
Авганистанците гласаат на 20 октомври, а властите се обидуваа да постигнат договор со талибанците за да се спречат напади во текот на изборната кампања.