Најмалку 10 повредени при експлозија во Санкт Петербург


Најмалку десет лица се повредени денеска при експлозија во еден прометен супермаркет во рускиот град Санкт Петербург.

Властите соопшти дека четворица од жртвите се здобиле со посериозни повреди и се хоспитализирани, додека останатите шестмина по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Причините за експлозијата што се случила во магацинот на супермаркетот засега не се познати.

Претставник на локалните власти соопшти дека во супермаркетот се слушнал „силен татнеж“, по што од објектот биле евакуирани над 50 лица.