Највлијателните славни Македонки на Инстаграм
Инстаграм веќе го зазема приматот меѓу социјалните мрежи. А сѐ што е актуелно во светот доаѓа и кај нас. Оваа социјална мрежа е многу популарна и меѓу славните личности, особено кај понежниот пол. Честопати македонските пејачки, водителки, манекенки знаат и важни работи поврзани со својот приватен живот да споделат токму преку оваа социјална мрежа.
Одбравме неколку нашите познати убавици кои се меѓу највлијателни „инстаграмџики“ кај нас.
Лила Филиповска
Водителката Лила Филиповска ја следат 106 илјади луѓе на социјалната мрежа Инстаграм. Таа најчесто споделува фотографии од својот моден стил или во спортска варијанта додека вежба во фитнес-сала.
Елена Ристеска
Македонската пејачка Елена Ристеска има речиси 80 илјади фанови. Меѓу нејзините фотографии доминираат професионалните фотосесии, но не заборава да ги сподели и средбите со пријателките и пријателите.
Катарина Ивановска
Манекенката Катарина Ивановска ја следат над 60 илјади следбеници на Инстаграм. Таа најчесто споделува фотографии од своите модни едиторијали, како и фотографии од своите пријатели. На нејзиниот профил може да се забележат и фотографии со синчето Вања, како и од прошетките во убавата земја Куба.
Каролина Гочева
Пејачката има околу 50 илјади фанови, а на нејзиниот профил доминираат фотографии од природа, патувања, како и од дружби со пријателите. Често објавува и моменти од нејзините концерти, но и концерти кои таа ги посетува. На нејзиниот инстаграм-профил сведочат и неколку фотографии од убавата средба кога со познатата Џош Стоун се дружеа во Градскиот парк во Скопје.
Тамара Тодевска
Поп-пејачката Тамара Тодевска има околу 40 илјади следбеници. Таа споделува и фотографии со својата ќеркичка Хана и сопругот Мачка, но го користи Инстаграм и за да им се обрати на своите фанови и да ги информира за своите настапи.
Викторија Лоба
Русокосата пејачка има приближно 40 илјади фанови на Инстаграм. Низ нејзините албуми може да се видат фотографии од фотосесии, но и понекоја фотографија и од своите настапи. Меѓу македонските пејачки Лоба е една од похрабрите кога станува збор за споделување фотографии на социјалните мрежи.