Наследничката Парис Хилтон се сврши
САД- Парис Хилтон го прифати предлогот за брак на Крис Зилка. 36-годишната наследничка на синџирот хотели „Хилтон“ и 32-годишниот актер се верија за време на нивниот ски-одмор во Аспен, Колорадо.
„Многу сум возбудена што сум верена со љубовта на мојот живот и мојот најдобар пријател. Никогаш претходно не сум се чувствувала толку среќна, безбедна и сакана. Тој е совршен за мене во секој поглед и ми покажа дека бајките навистина постојат“, изјави Парис за „Пипл“.
Таа објави фотографии од запросувањето.