Надал поради повреда ќе направи кратка пауза од терените


Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал поради повреда мораше да го предаде четвртфиналето против Марин Чилиќ на Австралија Опен. Неизвеснота околу неговото отсуство од терените не траеше долго, откако по направените прегледи е константирано дека ќе пропушти три недели.

Надал и според неговата програма следниот настап го имаше пријавено на турнир во Мексико на 26 февруари, што значи дека паузата ќе ја надополни и со рехабилитација од повредата.

Надал нема да настапи за Шпанија во Дејвис купот против Велика Британија, но тој настапот на овој натпревар го откажа и порано.

Независно од тоа кој ќе победи на Австралија Опен, 31-годишниот Надал ќе биде број 1 на АТП листата што ќе биде објавена во понеделник.