На 57 години: Хју Грант по петти пат ќе стане татко


Англија- Актерската ѕвезда на 57 години, по петти пат ќе стане татко.

„Среќна сум што ќе добијам уште едно внуче“ рекла мајката на шведската продуцентка Ана Еберстајн (35) која чека дете со британскиот глумец и ги потврдила гласините за бременоста.

Хју Грант е во врска со Еберстајн е од крајот на 2011. со тоа што многу често ја прекинувале врската. Двојката го има синот Џон Мунг (5) и двегодишна ќерка. Глумецот третото дете, Феликс (4) го добил со бившата девојка, рецепционерката Тингланд Хонг, додека бил во врска со Швеѓанката. Исто така од љубовна афера со Хонг ја има и ќерката Табита (6).

Нагаѓањата за петтото дете почнале неодамна кога Грант се појавил во Лос Анџелес, на доделувањето на Златните глобуси со Еберстајн на која се гледало стомачето. Инаку, двојката ретко се појавува во јавност.

Глумецот ја запознал Еберстајн на забава во Лондон кога му предложила идеја за филм.

Секогаш говорел дека татковството не е за него, но вечниот ерген во своите педесетти години го променил мислењето.

„Луѓето беа во право дека децата го менуваат животот. Го препорачувам тоа. Направете неколку“ рекол во една пригода Хју Грант.