Момче од роднина со закани барал да му ја даде ќерката за жена


Деветнаесетгодишно момче му се заканувало на роднина дека ќе го убие доколку не му ја даде ќерката за жена.

Од МВР соопштија дека во Полициското одделение Сарај Е.Б. (46) од с.Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук Е.Б. (19) му била загрозена сигурноста. Преку вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата ќерка. Претходно, на 14-ти овој месец му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот. Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа.

Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31 декември лани ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за изчезната во Полициската станица.