Момче и девојка од Македонија повредени во сообраќајка во Солун


Две лица од Македонија се повредени во Солун во сообраќајна несреќа, пишуваа грчките медиуми.

Како што јавува порталот Паралакски.гр, несреќата се случила кога момчето и девојката пешаци преминувале улица во близина на продавницата ИКЕА и во нив удрил автомобил.

Повреден е и возачот на автомобилот, и двајцата пешаци, од кои девојката е во најкритична состојба.

Тие веднаш биле пренесени во болница во Солун каде што се задржани.

Нереќата се случила во попладневните часови во саботата.

Подетални информации се очекуваат утре.