Могерини во Тирана: Празнувајте, но се уште имате многу работа
Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, која престојува во Тирана порача дека добиената препорака од Европска комисија е победа за сите, но оти има уште да се работи, бидејќи почетокот на преговорите бара дополнтелни ангажирања.
Таа на заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама високо ја оцени улогата на Албанија во регионот и додаде дека препораката за отпочнување на преговорите е добиена врз основа на постгнувањата, а не е подарок.
– Честитки! Посебно сум горда што денеска сум тука да ги предадат позитвните препораки првпат во исторјата на Албанија. Ова е резултат на една колективна работа, колективно признание за претседателот, Владата, општините и за сите албански граѓани. Ова е одговорност за да се оди наред, истакна Могерини.
Таа додаде дека Владата треба да соработува со опозицијата.
– Сите заедно треба да продолжите со работата. Ќе биде уште потешко со преговорите. Дозволете да ја поздравам позитивната улога што Албанија ја имаше и ја одигра во регионот, бидејќи добрососедските односи се многу значајни за регионот. Албанија е земја која 100 отсто е за политиката на ЕУ, нагласи Могерини.
Премиерот Рама оцени дека добиените препораки за отпочнување преговори е исторски успех и резултат на напорна работа и ја повика опозицијата на соработка.
– Албанија го доби тоа што го заслужува, ниту помалку ниту повеќе, посочи Рама.
Високата гостинка имаше средба и со претседателот Илир Мета, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.
На патот од претседателската резиденција до Владата, што го мина пеш, Могерина беше пречекана од млади од Кукс, кои побараа да изврши притисок врз Рама да бидат ослобдени притворените нивни сограѓани поради насилните протести кај тунелот Калимаш, во знак на незадоолство од воведувањето патарина на автопатот Тирана-Кукс-Морина.