Милијардерот Тед Тарнер боледува од деменција


САД– Американскиот милијардер, медиумски магнат и основач на американската телевизиска мрежа Си-ен-ен Тед Тарнер (79) во интервју за КБС откри дека боледува од невродегенеративно заболување, во медицината познато како деменција со Левиеви тела (ДЛБ).

-Тоа е некаков поблаг облик на Алцхајмерова болест, но не е толку страшен бидејќи Алцхајмеровата болест е смртоносна. Фала му на Бога што не е Алцхајмерова болест, а јас страдам од таа друга деменција на чие име не се сеќаваат во овој момент”, рече тој.

Тарнер кој три пати се женеше, беше во брак со актерката Џејн Фонда од 1991 до 2001 година.  Во 1998 година тој донираше милијарда долари за хуманитарни активности на ОН.

Еден и пол милион Американци се заболени од КБС. Од оваа болест, исто така, страдаше и славниот актер Робин Вилијамс, на кого на почетокот погрешно му поставија дијагноза на депресија. Но, кога дозна каква болест има, Вилијамс изврши самоубиство во 2014 година.