Меланија е попопуларна од Доналд


Првата дама на САД, Меланија Трамп е најпопуларниот член на семејството Трампови, покажува истражувањето на агенцијата ЈуГов, која го спроведе на барање на „Економист“.

Меланија ги фрла во сенка својот сопруг, претседателот на САД Доналд Трамп и неговата ќерка Иванка.
Резултатите од анкетата покажале дека 48 отсто од испитаниците имаат поизитивно мислење за првата дама, додека пак 33 отсто не гледаат на неа со позитива.
Според претходни анкети, типично е првата дама да доминира во јавноста, таков беше случајот и со Мишел Обама, додека Барак беше претседател на САД.
Според новото истражување 43 отсто гледаат позитивно на Доналд Трамп како претседател на САД, а 52 отсто пак не го сакаат.
За Иванка Трамп позитивно се изјасниле 41 отсто, а за нејзиниот сопруг Џаред Кушнер само 25 отсто сметаат дека е позитивец.